Со висока излезност од 76,5% и масовна поддршка од членовите, Венко Филипче е реизбран за претседател на СДСМ, онформира опозициската партија. Тој освои 18.001 глас, речиси двојно повеќе од првите внатрепартиски избори, кога доби 9.026 гласови.

Гласањето помина во најдобар ред. До Централната изборна комисија до овој момент немаше никакви забелешки за изборниот ден. Од 23.712 запишани гласачи вкупно гласаа 18.140 членови или 76,5% од активно регистрираните членови. За претседателот Венко Филипче гласот го дадоа 18.001, неважечки ливчиња се 139. Благодарам на сите членови на СДСМ кои излегоа на гласање а претходно активно се пријавија, благодараност до сите општински организации кои успешно ги спроведоа изборите и блгодарност до медиумите што покажаа интерес за следење на нашите избори. Благодарност до сите. Честитки за новоизбраниот претседател со 4 годишен мандат, Венко Филипче, рече Претседателот на Централната изборна комисија на СДСМ, Бранко Георгиевски

За само 10 месеци, Владата на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН покажаа дека ниту знаат, ниту умеат да се справат со проблемите, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Макдонија, Венко Филипче, во своето обраќање по завршувањето на внатрепартиските избори.
Филипче посочи дека Владата не исполни ниту едно ветување, и во секоја сфера од општеството има уназадување.

Не чека уште една тешка борба, а тоа е да се бориме против оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, којашто во изминатите 10 месеци само покажаа дека ниту знаат, ниту умеат да се справат со проблемите. Се што кажаа излажаа, не испорачаа ниту едно ветување. Понеспособна Влада државата немала никогаш досега. Нема ниту една област и сфера во којшто нешто добро се случува. Видете што се случува во земјоделството, сите субвенции се намалени. Видете какви катастрофални политики се воведуваат во образованието. Здравството е на колена. Видете што се случува со платите на работниците, ги убедуваат дека можат да живеат со 400 евра месечно. Какви лицемери седат во Владата“, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче порача дека СДСМ е подготвена и умее да се бори за доброто на државата.

Имаме обврска пред граѓаните да покажеме дека сме подготвени, дека сме мотивирани, дека знаеме, дека умееме и дека ќе се бориме за доброто на државата, дека ќе ја вратиме државата на европскиот пат, дека нема да дозволиме граѓаните да бидат манипулирани. Оттука јасно порачуам, СДСМ е силна, СДСМ е подготвена, СДСМ е консолидирана, СДСМ се враќа на победничките патеки. Ние ќе бидеме тие кошто ќе ја вратиме државата на вистинскиот пат, за дброто на Македонија и на сите граѓаните“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

OhridNews