Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри од својот ментор Арсен Венгер ја доби најголемата поддршка пред почетокот на тренерската кариера. Некогашниот голгетер број еден на „топчиите“ го презеде кормилото на Монако, откако клубот му врачи отказ на Леонардо Жардим.
- Анри е добар избор за Монако. Тој заслужил таква доверба. Анри е многу паметен, добро го разбира фудбалот. Затоа, има се за да успее. Но на почетокот секогаш треба малку среќа. Тој треба правилно да ја согледа околината и да жртвува нешто. Треба да се откаже од слободното време. – изјави Венгер.
Анри богатата фудбалска кариера ја започна токму во Монако и сите почетокот на тренерската кариера ја поврзуваат со играчката. Напаѓачот е еден од ретките фудбалери кои имаат освоено речиси се каде што се има натпреварувано.
Французинот на клупата од „кнезовите“ ќе дебитира в сабота во Првата лига на гостувањето кај Стразбур, а за четири дена ќе има премиера во Лигата на Шампиони против Клуб Бриж.
OhridNews