Најчестото прашање околу иднината на Арсен Венгер во најскоро време може да добие конечен одговор. Угледниот француски весник „Франс фудбал“ пренесе информација дека Венгер во зимскиот преоден рок ќе го преземе Милан.
„Росонерите“ под водство на клупската легенда Џенаро Гатузо не бележи слаби резултати, ниту спектакуларни, но управата сака реномирано тренерско име кое ќе донесе систем и резултати на долгорочен план. Рецептот е Венгер, кој во 22 години успеа „топчиите“ да ги издигне на светско ниво на резултатски и финансиски план.
Венгер заедно со спортскиот директор Леонардо и директорот Паоло Малдини би го сочинувале тимот кој ќе има задача да го врати шампионскиот сјај на Сан Сиро. Седум сезони миланезите воопшто не се во игра за скудетото, а се помалку и се дел од ЛШ каде што се најтрофеен италијанскиот клуб со седум титули.
Францускиот стручњак беше поврзуван со ПСЖ и Монако, но клубовите ангажираа други тренери, а Милан според „Франс фудбал“ бил конкретен и се очекува двете страни да постигнат договор.
OhridNews