Францускиот стручњак Арсен Венгер најголем дел од тренерската кариера помина во Арсенал. „Професорот“ ,како што нарекуваат англичаните точно 22 сезони повеќе од успешно го предводеше клубот од Лондон. Неколку години после заминувањето од Арсенал, Венгер во интервју за „BBC“ проговори за среќните и тажните моменти на „Хајбери“ подоцна и на „Емирати“ стадионот.

Незнам дали е среќен или тажен момент, но во два наврати ги одбивав понудите од Реал Мадрид. Ветив дека ќе одам до крај со Арсенал и оти ќе изградам тим со шампионско педигре. Сега од овој аспект не жалам што го одбив Реал Мадрид. Жалам за Кристијано Роналдо. Некогаш размислувам како ќе изгледаше Арсенал со Роналдо во составот. Сигурно, Роналдо заедно со Анри, Беркамп, Пирес и Вилторд ќе постигнеа 200 погодоци во една сезона. – изјави Венгер.

Роналдо како млад тинејџер потпиша за Манчестер Јунајтед. Клубот од Олд Трафорд со Роналдо во нападот успеа да триумфира во Лигата на Шампиони и да освои три титули во Премиер лигата.

Тој се наврати и на Ибрахимовиќ, кој како 17-годишник беше на проба на „Хајбери“.

Златан беше 17 годишник кој играше во Малме, во Втората лига во Шведска. Него никој не го познаваше. – рече Французинот.

Венгер после заминувањето од Арсенал нема нов тренерски ангажман, но работи во ФИФА како специјализиран советник за развивање на фудбалот.

 

OhridNews