По сомневањата дека смртта на претседателот Уго Чавез настанала како резултат на труење извршено од неговите непријатели од странство, властите во Венецуела ќе спроведат официјална истрага, соопштуваат медиумите од оваа латино-американска земја.
Уште во 2011-та година, сомнежи за можни труења изразил и самиот Чавез, откако истата година му бил дијагностициран рак.
Моменталниот вршител на должноста претседател на Венецуеал, Николас Мадуро, се заложил дека ќе биде извршена детална истрага, во која ќе бидат вклучени и странски научници и експерти, со цел откривање на причините за смртта на венецуелскиот лидер.
Инаку, Уго Чавез почина на 5-ти овој месец, а подолг временски период беше подложен на операциии и медицински третман во Куба, откако пред две години докторите му дијагностицираа рак.
OhridNews