Загрижени поради се поголемата врева, официјалните лица во Венеција одлучиле да забранат користење на куфери со тркала, барем на оние од тврда гума. Соочени со големите крузери, небројните туристи, јатата гулаби и честите поплави, венецијанците започнале борба против уште еден непријател, бучните куфери. Сопствениците на продавници и кафулиња, како и жителите велат дека постојаното тропкање на куферите кои туристите ги влечат зад себе низ тесните улици, плоштадите и мостовите ги доведуваат до лудило. Овие куфери, меѓутоа, се драгоцени во градот без патишта, во кој туристите до своите хотели воглавно пешачат.
Властите сега сакаат да воведат забрана за багажот со тркала од тврда гума и да примораат 27 милиони туристи, колку што годишно го посетуаат овој град, да користат куфери опремени со меки тркала исполнети со воздух кој прави помала врева. Освен што ги вознемируваат граѓаните, овие куфери и торби предизвикуваат и штета на повеќевековните плочници, мермерните скалила и пешачките мостови, наведуваат претставниците на градот кои планираат забраната да ја воведат следниот мај. После тоа, секој кој во градот ќе влезе со куфер со тврди тркала се мора да плати казна до 500 евра.