Венеса Брајант, сопругата на Коби Брајант го прекина молкот и на социјалните мрежи и се обрати на јавноста по повод загинување на легендарниот кошаркар и ќерката Џана во хеликоптерската несреќа. Во несреќата загинаа уште седум лица кои беа дел од хеликоптерот кој се удри в планина од неразјаснести околности. Венеса испрати емотивна порака и му се заблагодари на сите за поддршка во тешките моменти.
Јас и девојките сакаме да им се заблагодараме на милионите поддржувачи во овие тешки мигови. Благодарам до сите за молитвите, кои, дефинитивно ни се потребни. Потполно сме скршени за губењето на мојот сопруг и ќерката Џана и останатите лица кои беа дел од несреќата. Нема зборови со кои може да се опише болката. Мала утеха е фактот што Коби и Џана знаеја колку беа сакани. Најверојатно, благословени сме што ги имавме нив во нашите животи. Сакам да се со нас долго време заедно, но како што можевме да видиме не се знае што носи животот. Нашата љубов е бескрајна. – напиша на социјалните мрежи Венеса.
Коби и Венеса во брак беа 20 години. Двајцата имаа четири ќерки. Коби и Џана починаа во неделата, а светот на кошарката се уште не може да се соземе од големата загуба.
OhridNews