Иако за првобитен датум се споменувал 24 мај, познатиот пар одлучил приватната церемонија за венчавката да ја одржи овој викенд. Плановите за венчавката и понатаму се врзуваат за Париз, но она што е изненадување е што своето судбоносно да ќе го кажат на интимна церемонија уште овој викенд.

Сепак, на многумина им било тешко да поверуваат во тоа дека мегаломани како што се риалити ѕвездата и раперот својата венчавка ќе ја одржат на мала и интимна церемонија. Меѓута, како што наведуваат медиумите, венчавката ќе се одржи кон крајот на оваа седмица, бидејќи така одлучил парот. Ова ќе биде прва од споменатите три церемонии за нивната венчавка.