После забавата која синоќа ја одржале во Версај, овој славен пар денес попладне ќе се венча во замокот Белведер во Фиренца. Бидејќи Кање и Ким не добиле дозвола да се венчаат во Версај, што им било желба, тие морале да најдат друго решение. Го избрале Белведер, а изнајмувањето на овој замок чини 400 илјади долари на ден.
Поради нивната церемонија затворени се сите приоди кој раскошниот замок, а припадници на италијанската војска заедно со обезбедувањето на парот ги спречуват љубопитните да се приближат. Сеуште не се знае колку ќе има гости, но се шпеукулира со бројката помеѓу 100 и 600. Кум би требало да биде Џеј Зи, а сеуште е неизвесно дали неговата сопруга Бијонсе ќе се појави со него.