Бред Пит и Анџелина Џоли наводно ќе се венчаат на 11 август, на златната годишнина на родителите од Пит, Бил и Џејн.
На венчавката во францускиот дворец, вреден 35 милиони фунти, би требало да бидат присутни околу 300 гости, вклучувајќи ги Џорџ Клуни, Мет Дејмон, Џони Деп и Том Круз.
– Бред и Анџелина мислат дека на децата ќе им се допадне мама и тато да се венчаат, а потоа да следи голема забава за баба и дедо – вели неименуван извор. Истиот извор наведува дека двојната забава е идеја на Анџелина.
– Семејството на Бред и значи многу на Анџелина, посебно од кога ја изгубила мајка си пред пет години, и бидејќи со години не разговарала со својот татко.