Доколку сакате необични венчавки, изнајмете црква која плови на вода. Се разбира, тоа е возможно само доколку сакате да се венчате во САД. За вљубениците во необични авантури интернет страната “WeddingsOnWater” нуди изнајмување на црква која плови.
Покрај малата црква на Флорида се изнајмува и матичар кој е облечен во униформа на капетан, а досегашните корисници црквата ја опишале како совршен спој на традиционалната венчавка во црква и природната убавина на пределот кој ќе го избере парот. Црквата е идеална за интимна венчавка, бидејќи може да собере околу сто лица, има мала палуба, а се изнајмува по цена од илјада до три илјади долари. Освен за венчавка, може да се изнајми и за крштевки.