Можеби венчаницата не била вистинска, или младоженецот предолго се забавувал претходната ноќ, или пак можеби времето било грозно. Како и да е, овие младенци не изгледаат пресреќно. Вуконг, седумгодишен мажјак и шестгодишната женка Ксаја се венчале пред камерите во зоолошката градина во Венлинг.


Паркот со диви животни организирал венчавка со надеж дека ќе привлече што повеќе посетители. Но, контроверзната свадба само ги вознемирила организациите за заштита на животни во земјата позната по суровоста спрема животните. Уште во 2006тата година зоолошката градина во Шангај добила забрана за одржување на претставата која ја нарекувале Олимписки игри на животни. Во претставата животните се натпреварувале во разни спортови.