Еден француски сликар се оженил вчера со својата некогашна љубовница која починала во 2004 година, на постхумна церемонија на венчавање која многу ретко се одобрува во Франција.
За да се добие одобрување за склопување на таков брак, потребна е дозвола од претседателот на републиката. 68 – годишниот сликар Жан Луј Ронзиер и танчерката Мартине Казенаве, која имала 52 години кога починала, се запознале во 1980тите години и чекале пензија за да се венчаат. Но, таа се разболела и умрела пред датумот за кој била закажана венчавката.
„И ветив дека ќе се венчаме и сакав да го одржам своето ветување: 20 години заеднички живот не се заборава. И понатака „разговарам“ со неа и’ и раскажувам за се што правам“, изјавил Ронзиер пред церемонијата на која присуствувале 50тина луѓе.
Неговата прва молба за постхумно венчавање била одбиена кога претседател на Франција бил Жак Ширак, но актуелниот претседател Николас Саркози ја потпишал дозволата.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com