Секоја невеста сонува за венчавка од бајките. За среќа на британката Сем, нејзината желба и се исполнила. Сем Карпентер и Ли Скотхерн го рекле судбоносното да облечени како Пепелашка и Принц.
Тематската венчавка ја прославиле со уште 300 гости кои исто така биле облечени во костими. Пепелашка, према традицијата, ја предал нејзиниот татко, зеленото чудовиште Шрек. Ги венчал свештеник облечен како Бискуп.
Парот има 7 годишен син и 5 годишна ќерка, кои одлично се забавувале за време на венчавката.
– Мислевме дека ќе биде забавно, но испадна совршено – рекла 29 годишната Пепелашка.
Наместо дворец подигнале шатори, а во еден од нив младенците ја поминале првата брачна ноќ.