Британците Кристин Ингланд и Кеит Грин се подготвувале три часа да дојдат пред олтарот како симпатично чудовиште и неговата невеста. Се бојадисале зелено заедно со стотина роднини и пријатели кои присуствувале на церемонијата имитирајќи ги ликовите од цртаниот филм Шрек.


Невестата изјавила дека ја добила венчавката од бајките. Идејата ја добила бидејќи Кеит и наликувал на Шрек. Таа од претходната врска има 18-годишен син кого го терала да се облече како магаре, но не успеала. Кеит пак има две ќерки од претходниот брак.