Венчаницата проценета на 250 илјади фунти која Кејт Мидлтон ја носела на кралската свадба од денес па се до 3 октомври ќе биде изложена во Бакингамската палата. Војвотката од Кембриџ одлучила уште еднаш да ја покаже венчаницата од сатен со корсет од чипка која ја креирала Сара Бартон, директорка на модната куќа Александра Меквин. Посетителите освен фустанот ќе можат да ги видат и сите останати пропратни модни додатоци кои ги носела Кејт на свадбата.
Инаку, Бакингамската палата секое лето традиционално се отвара за јавноста, па посетителите ќе можат да ги видат и салите, уметничките слики и градините. Побарувачката за влезници била двојно поголема отколку минатото лето. Оваа година се очекуваат повеќе од 600 илјади посетители, а цената на влезниците изнесува 17,5 фунти.