Венчаницата која Елизабет Тејлор ја носела кога се мажела за Конрад Хилтон Џуниор била продадена за повеќе од 121 илјада фунти на аукцијата на Кристи во Лондон. Директорот на Кристи Николет Томкинсон рекла дека цената која била постигната на аукцијата, која е повисока од почетната, го покажува значењето на фустанот во историјата на филмот и модата.

Тејлор носела крем фустан кој содржел 13,7 метри сатен и бил прекриен со бисери, а имал и вграден корсет за кој биле потребни 15 лица и три месеци да се направи, а го носела на првата од своите осум венчавки во мај 1950 година, кога имала 18 години. Тејлор и Хилтон се развеле неколку месеци подоцна, а актерката се мажела уште седум пати. Починала во 2011 година на 79 години.