Студентите и научниците од британскиот универзитет Шефилд Халам измислиле ткаенина која може да се растопи во вода по носењето. Од таа ткаенина ќе направат венчаница која е прифатлива за околината. Сакаат на младенците да им понудат ваков избор, бидејќи се произведуваат најразлични венчаници кои обично се носат само еднаш.
Во ткаенината се наоѓа еден вид на алкохол кој се топи и кој не е штетен за околината. Новата венчаница ќе биде претставена на изложба со наслов „Одржлив брак“. Дождот е единственото нешто на кое невестата ќе мора да внимава, бидејќи фустанот може да се стопи за време на венчавката.