Две жаби се венчани на запад во Индија на традиционална свеченост со која се повикува сезоната на монсунските дождови кои оваа година доцнат, пишуваат весниците во Индија.
Повеќе десетици жители на градот Нагпут присуствувале минатиот викенд на свеченото соединување на жабите Раје и Ранија. Ако е традицијата за верување, венчавката на жабите во согласност со хиндуистичките обичаи ја сакаат боговите на дождот. Неколку бракови се склучени така овој месец во Индија, како и во соседен Бангладеш.
На крајот од топлото лето, Индија, чие дветретинско население живее во рурална средина, нестрпливо ги очекува првите монсунски дождови на запад, кои оваа година доцнат неколку денови, според националната метеоролошка служба.