Во какви услови се играат натпреварите од Општинската Фудбалска лига. Општинскиот фудбалски сојуз ги стори сите напори и оваа година ја зеде под своја капа лигата која во досегашниот дел функционира речи си` беспрекорно.
Но не било се до сојузот, клубовите се тие кои треба да обезбедат ако не друго барем минималните услови за игра и надигрување. Натпреварот
Сатескa – Дебарца, не се одигра бидејќи домашните не знаеле дека треба да играат и покрај тоа што распоредот на натпреварите го добија на стартот на сезоната. А и да се појавеа на теренот во Волино, малку веројатно дека таму ќе се играше фудбал.
Вембли на охридски начин
Минато е времето кога натпреварите од овај ранг беа посетувани и гледани, а постигнатите резулатати беа дел од гинисовите книги за рекорди.
Сега се` е така далечно.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com