Турската националната разузнавачка агенција (МИТ) според сознанијата на неделникот „Велт“, во Германија располага со мрежа од неколку стотици агенти и дури 6.000 информатори. Според неделникот таква разузнавачка структура на територијата на некогашна Западна Германија, немала ниту озогласената источногерманска тајна полиција „Штази“.
Во текстот понатаму пишува дека активностите на МИТ се многу поголеми него што тоа досега било познато, а фокусот на нивните шпионски активности се сите оние кои партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган ги смета за соперници, односно Курдите, алавитите и приврзаниците на движењето „Хизмет“ на Фетулах Ѓулен, кого властите во Анкара го означија како организатор на неуспешниот пуч на 15.јули.
Германија има 81 милиони жители, од кои околу три милиони се германски државјани со турско потекло или Турци кои имаат регулиран престој, што според неименуван политичар кого го цитира весникот значи дека на еден агент или информатор е задолжен за набљудување на околу 500 граѓани кои имаат турско потекло. „Велт“ го цитира и германскиот стручњак од областа на разузнавањето, Ерих Шмит-Енбом, кој рекол дека активностите на МИТ во обединета Германија се „огромни“.
OhridNews
извор Макфакс