Фудбалската асоцијација на Велс побарала од ФФМ одигрување пријателски натпревар со македонската репрезентација во мај, термин одобрен од ФИФА, кога се слободни сите наши репрезентативци.
Во писмото Велшаните ја информираат ФФМ дека имаат закажано пријателска средба со Хрватска на 23 мај, но дека сакаат дуел и со Македонија неколку дена пред тој датум. Според нив, идеално би било мечот да е на 17 мај, веројатно на наш терен. Со оваа островската селекција никогаш не сме одиграле никаков натпревар, а тие би биле идеална контрола зашто негуваат ист стил на игра како и Република Ирска, нашиот противник во квалификациската група Б за Евро 2012 година.
Токму истото го бара нивната федерација, чија селекција во квалификациите за противник ги има Бугарија и Црна Гора, селекции со сличен стил на нашиот.
OHRIDNEWS
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com