Повремениот селектор на македонската фудбалска репрезентација Зоран Стратег може да здивне откако најскапо платениот фудбалер Герет Бејл ќе го прескокне дуелот со Македонија на 11 октомври во Кардиф.
Фудбалерот на Реал Мадрид повеќе од две недели го мачи повредата на мускулот, а на послените мечеви играл со оваа повреда тоа го потврди и стратегот на „кралевите“ Карло Анчелоти.
Бејл и во првиот натпревар кој и припадна на Македонија 2-1 не одигра ни една минута иако беше на клупата за резерви. Тогаш селекторот Крис Колман реши да го „одмори“ од бомбастичниот трансфер, кој го направи неколку дена претходно.
Македонскиот репрезентативци немаат среќа да се сретнат на теренот со фудбалерот, кој вреди ни помалку ни повеќе 100 милиони евра.
Мх.П.