Во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт ,,СПОРТ ЗА СИТЕ-ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ Младински Совет Охрид го организираше првиот велосипедски крос. Велосипедскиот крос се одржа на 03.05.2008 година, и на него учество земаа 50 учесници, ученици од петто до осмо одделение во основните училишта од општина Охрид. Велосипедскиот крос се возеше по однапред утврдена патека Паркинг ЕВН-Алтанин мост-с. Орман-с. Лакочереј. Учесниците на кросот имаа можност да се дружат меѓу себе и да се забавуват играјќи хокеј на трева, тенис, не лути се човече и влечење на јаже. Велосипедскиот крос беше поддржан од донаторите Инсајд ауто, кои за секој учесник обезбедија маичка и капче и Swisslion Агроплод кои за учесниците обезбедија освежување.
се одржа првиот велосипедски крос во Охрид
Ohridnews