Во саботата на 27.07.2013 во организација на ВФМ, општина Илинден – Скопје и Велосипедскиот Клуб Водно од Скопје се одржа Илинденскиот Трофеј во склоп на традиционлната спортска недела ‘‘НИЕ НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИА‘‘ што ја организира општина Илинден по повод престојниот празник Илинден.

Сабота ден за велосипедизам со почеток во 15:00 стартоваа масовен број од преку 120 рекреативци, деца на возраст од 5 до 15 години жители на општината, облечени сите во маичка од настанот се впуштија во градската трка со должина од 12км низ улиците на општината. 

Кружната патеката за лиценцираните велосипедисти ја опфаќа пошироката територијата на општината во должина од 25км. Според категории: Жените, Мастерсите и Кадетите имаа за цел да извозат два круга, Јуниорите три круга и Елит Сениорите вкупно четири круга. Со старт во 16:00 часот Градоначалникот Г-дин Жика Стојановски го означи почетокот на трката. Високите температури не беа никаква пречка за големото ривалство помеѓу меѓусебната конкуренцијата, кој ќе биде најбрз. Патеката опфака неколку села и населени места, голем број на регионални и колски патишта, како и железничката пруга.  Одличната  координација помеѓу полицијата и редарите од општината, цели три часа повеќе од одлично се справуваа со месното население, па дури и во еден момент беше задржан и возот. Со ваква организација општината покажа дека ако се сака, може се да се направи за безбедноста на натпреварувачите. 

Настанот се одвиваше пред Спортската Сала Гоце Делчев, каде по завршувањето на трката започна и богатата програма во склоп на церемонијата за прогласување на победниците. За прв пат во Македонија по примерот на големите трки Тур де Франс и Џиро Ди Талиа, Градоначалникот на првопласираните според категории им ги облекуваше жолтите велосипедски маички специјално направени за оваа пригода, општина Илинден – спортска недела – ние навиваме за Македониа, следеше доделување на медалите, пехарот  – Трофејот Илинден, дипломите и пликото со назнака за парична награда, и за крај повторно првопласираните на пиедестал со шампањ во рака да ја прослават победеата со прскање во публиката.

Со ваква богата програма, голем награден фонд, жолта маичка – сонот на секој велосипедист и шампањ за крај, Градоначаникот на општина Илинден треба да им биде пример на останатите Градоначалници во Макеоднија, како треба да се поддржи младата популација за основен напредок на општината.

Екодром на трката пријави само двајца натпреварувачи Новица Велјаноски во категорија Кадети и Јован Јованоски во Јуниори. И двајцата ја истакнаа својата подготвеност во друмскиот велосипедизам, Јованоски недостижен со 2‘45‘‘ мин. предносот пред конкурентот Никола Ѓукич од Вело-М. Големо изненадување и напредок во оваа дисциплина покажа Велјаноски одбранувајќи го третото место со разлика од 9 минути пред конкурентот Денис Колевски исто така од Вело-М, Куманово. 

Ohridnews