Велосипедистот Јован Јованоски од клубот „Екодром“ е избран за најдобар спортист во Охрид за 2014 година.


Тој успешно ја преставуваше Македонија на младинските игри во Кина освојувајќи го шестото место во генералниот пласман.

Крунисувањето на најдобрите ќе биде в петок во 13 часот во големата сала во Општината Охрид.

Наградени :

Најуспешен спортист во Охрид за 2014 година : Јован Јованоски.

Најуспешни спортисти : Иван Тасески (ракомет), Елвис Бајрам (фудбал), Марија Ристевска (карате).

Најперспективен млад спортист – фудбал : Мартин Ѓорѓиески, Диел  Доко, Стефан Џајкоски.

Посебни заслуги за поддршка на спортот : Кире Колески.

Настан на годината : Фер Плеј Куп 2014.

Посебни заслуги за презентација на пливачкиот спорт : Олга Џипунова (Паунчева).

Животно дело : Димче Стојкоски – Лепиот.

Најуспешен млад спортист : Анастазија Паскали.

Најуспешни млади спортисти : Владимир  Вељаноски (кајак), Јана Гаџовска (едриличарство), Мартин Гоџоски (стрелаштво).

Спектакл на годината : 25-годишниот јубилеј на „Рибарите“.

Мх.П.