Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 20 часот на булеварот „Туристичка“, на раскрсницата во непосредна близина на бензинската пумпа на „Окта“.


Под засега неутврдени околности патнички автомобил со голема брзина удрил во велосипедист кој се обидувал да ја мине раскрсницата. Од силината на ударот велосипедистот бил фрлен педесетина метри, а велосипедот завршил подалеку на спротивната коловозна лента. Од здобиените повреди велосипедистот кој бил на 78-додишна возраст  починал на лице место.


Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид и истражен судија, а сообраќајот на булеварот “Туристичка“ неколку часа се одвиваше отежнато.

СВР Охрид денеска излезе со официјално соопштение за несреќата во коое се наведува:

„На 07.09.2009 година во 19,55 часот на раскрсницата од ул.„Турустичка“ и ул.„Бистрица“ во Охрид , се случила сообраќајна незгоад помеѓу ПМВ„Опел Калибра“ со охридски регистерски таблички  управувано од Ф.У. (22 ) од Охрид и велосипред марка „Арабела“ управуван од Шефќет Б. (78) од Охрид, кој од здобиените повреди починал на лице местото“.


На местото на несреќата се собра поголема група граѓани. Тие беа видно вознемирени, но и револтирани, бидејќи ова не е прв пат на ова место да се случи ваква несреќа. Граѓаните  бараат градските власти да ги вратат забавувачите на брзина кои порано ги имаше пред оваа раскрсница, со цел да се избегнат сообраќајните незгоди. Доколку тоа не биде направено, тие најавија протести.

Ohridnews