Девет одличја освоија охридските велосипедисти на изборот за најдобар велосипедист за 2013 што се одржа во Скопје.
Минатата година беа организирани 36 велосипедски натпревари, а нашите велосипедисти зедоа учество на 9 меѓународни натпревари, Балкански и Европски шампионати, светски купови и шампионати во планински и друмски велосипедизам.
Според ранг листата, охридски Екодром е најуспешен во планински велосипедизам, четврти во друмски, шести во велокрос. Во планински велосипедизам недостижни во секој поглед, златните пехари во сите категории во рацете на Екодромци. Севкупно освоени 8 пахари, 5 златни, 1 сребрени и 2 бронзени според следниот ранкинг: Планински Велосипедизам, клупскиот златен Пехар – Трофеј, во најелитната категорија Елит – Сениори, злато за Бленди Троци, У23 злато за Христијан Николовски, Јуниори злато за Јован Јованоски и Кадети злато за Новица Велјаноски. Сребрен медал во Јуниори за Петар Упевчески. Во друмски велосипедизам бронза за Јован Јованоски и Велокрос бронза за Петар Упевчески.
Последното девето одличје – златна плакета за посебен придонес, афирмација и развој на велоспедскиот спорт во Република Македонија ја доби општина Охрид, односно градоначалникот Никола Бакрачески.
OhridNews