Скандинавската компанија за дизајн Ауруманиа направила вистинска скапоценост на две тркала, велоспиед од 24-каратно злато, украсен со 600 Сваровски кристали. Велосипедот, чија цена е 80 илјади евра, произведен е во само 10 примероци.
Секој од велосипедите се изработува рачно. Арматурата е од 24-каратно злато и украсена со кристали, додека седиштето и рачките се од кожа со боја на чоколадо. Тешко е меѓутоа да се замисли некој да се вози со него низ градот или во природа. Повеќето од овие златни велосипеди ќе завршат како примерокот кон неодамна го купил еден човек од Лондон, закачен на неговиот ѕид од дневната соба како уметничко дело.