Ли Гуовеи дизајнирал посебен велосипед со кој може да се вози по вода. Користел нормален велосипед, но на него прицврстил воздушни перници, а на задниот дел додал пропелер. Велосипедот бил успешно тестиран на реката Хаинјанг, возејќи од едниот брег до другиот 300 метри.


Тоа растојание го поминал за половина час. Ли изјавил дека амфибискиот велосипед е трета генерација од истата линија. Првите два обиди не биле успешни. Возилото се продава за 200 долари, а многу брзо може да се трансформира во обичен велосипед.