Три чешки компании се здружиле како би направиле прототип на електричен велосипед кој може да лета, во што и успеале. Велосипедот за време на претставувањето успешно полетал и безбедно слетал по петминутното летање водено со далечинско управување.

Налик на голем планински велозипед, летечкиот тежи 95 килограми и има два пропелери на батерии од напред, два позади и два од обете страни. Летот бил изведен со кукла врзана за седиштето на велосипедот. Милан Духек, техничкиот директор на Дуратек, производител на рамки за велосипеди, рекол дека се потребни батерии со поголеа сила како со велосипедот би можел да лета човек.