Три чилеански студенти, идни инженери, направиле велосипед за кој тврдат дека е невозможно да се украде. Со изведен дизајн, прототипот со име “Јерка“, неодамна бил претставен на јавноста. Велосипедот има сопствен систем за заклучување. Имено, самиот негов рам служи како катанец.
Потребно е само да се одврти дел од рамката и повторно да се заврти, односно заклучи околу бандера или дрво. Евентуалниот крадец би можел само да ги скрши тркалата, но секако не и да се одвезе со него. Студентите Хуан Монсалве, Андрес Рој и Кристобал Кабело се надеваат дека нивниот производ ќе почне да се продава од следната година.