Македонскиот репрезентативец Велко Маркоски му се приклучи на хрватскиот ракометен првак Загреб предводен од харизматичниот стратег Веселин Вујовиќ од клупата.


Маркоски кој по заминувањето од Металург настапуваше за Макс Струмица и Работнички треба да биде големо засилување за екипата на Загреб која се бори во Лигата на Шампиони.

Репрезентативецот беше срдечно и топло пречекан во Загреб и веднаш одработи тренинг со останатите ракометари.


На овој трансфер ќе се израдува и македонскиот селектор Ивица Обрван кој напомена дека за Европското првенство во Полска му се потребни здрави ракометари.

Ohridnews