Традиционално, во црквата „Св. Ѓорѓија“ беа доделени наградите на Асоцијацијата Македонски духовни конаци. Годинешен добитник на наградата „Велја Кутија”, е поетот Веле Смилески, за книгата Совршена тишина. Беседа за творештвото на авторот одржа професорот Људмил Спасов.
Наградата „Духовен Воин”, што се доделува на автори стожерници, бескомпромисни воини за македонската кауза, како што велат од Асоцијацијата Македонски духовни конаци, им беа врачени на историчарот академик Иван Катарџиев за неговиот исклучителен научен придонес и на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, за неговата долгогодишна бескомпромисна борба за македонската кауза на просторите на Албанија.
Беседа за годинешните добитници на признанито „Духовен Воин”, одржаа д-р Елена Лужина и академик Луан Старова.