Меѓу нашиот народ постојат повеќе обичаи и верувања поврзани со Велигден и деновите што му претходат.
Вториот ден од Великата недела или Страстна недела e Велики Вторник. На овој ден се подготвуваат јајцата за вапцување. Се одбирале пресни јајца „за зародишот да е пресен“. Јајцата се броеле и се планирале според бројот на членовите во семејството, при што се водело сметка и за тие што не биле дома.
На светиот и Велики Вторник православната црква прави спомен и на евангелската приказна за десетте девојки.
По повод Велики Вторник во црквата Света Богородица – Каменско, денеска ќе се одржи утрена литургија, едноцрквие со почеток во 7 часот, а попладнето во 17 часот во истата црква ќе има бдение.