„Открив дека последната вечера се случила на 1. април 33. година“, изјави во разговорот за „Тајмс“ професорот Колин Хампри.
Во својата книга „Тајната на Последната вечера“ тој се занимава со контрадикциите што подолго време ги мачи историчарите.
„Ова е проблем:Експертите за Библија и христијаните сметаат дека Последната вечера почнала по заоѓањето на сонцето во четврток и дека Исусовото распетие се случило во петок наутро околу 9 часот. Исус во меѓувреме е уапсен и суден на неколку места во Ерусалим. Експертите ги поминале тие делови на градот со мерач на времето за да видат дали таа низа од настани може да се случи од четврток вечер до петок сабајле и утврдиле дека тоа не е можно“, рече Хампри.
Апостолите Матеј, Марко и Лука велат дека Последната вечера била пасхална вечера, а Иван тврди дека тоа се случило пред Пасха.
„Мислам дека двете страни имаат право бидејќи зборуваат за различни календари. Тројцата апостоли се служат со популарниот, но застарен кумрански календар, а Иван со службениот лунарен.
Професорот ги помирува двата календара и констатира дека Последната вечера се случила ден пред Велики четврток.
Тој верува дека неговиот заклучок помага да се избегне моменталната пракса на сметање на датумот на Велигден по лунарните циклуси. Западното христијанство денеска датумот на Велигден го одредува како прва недела по првата полната месечина во пролет, по 21. март.
Хампри предлага Велигден да се фиксира на 5. април или барем на недела најблиску до тој датум.
За слична теорија расправаше и папата Бенедикт ЏВИ во 2007. година кога јавно прифати дека Исусовата последна вечера веројатно била организирана по кумранскиот календар, што би значело дека пасхалните вечери се одржувале еден ден пред тоа што го кажува службениот календар.
извор: „Макфакс“