Великаните на гастрономијата од регионот по работната посета на Факулетот за туризам и угостителство во Охрид, викендов беа пречекани со македонски специјалитети и сортно вино во ресторанот „Острово“ во Св.Наум.

Специјалитетите беа подготвени од  Шефот на кујната на ресторан „Острово“ Бобан Ангелески, а гостите, меѓу кои беше легендарниот гастроном Стево Карапанџа, уживаа во прекрасните звуци на староградската песна изведена од ансамбл „Цар Самоил“.

Стево Карапанџа, претседателот на здружението на шефови на кујни на Црна Гора, Вуксан Митровиќ, Томаж Возењ, Жељко Невен Бремец и Ѓорѓе Костиќ, изминатите денови ги пренесоа своите искуства на студентите од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и шефови на кујни од повеќе реномирани угостителски објекти во градот.

Посетата на еминентните шефови на кујна од регионот на Факултетот за туризам во Охрид, го организираше  Македонската асоцијација на шефови на кујни Гастромак.

OhridNews