По влегувањето на Исус заедно со учениците во Ерусалим во пресрет на празникот Пасха, неговата популарност меѓу народот им пречела на властите и фарисеите и тие барале погодна можност да го фатат Исус и да го казнат. Прилика им се укажала во средата кога еден ученик Исусов  по име Јуда Искариотски дошол кај фарисеите и им понудил да го предаде Исус за 30 сребреници. Ова предавство ќе биде вовед во страданијата Христови.

Со Велика Среда се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда се подготвува бојата за вапцување. Првите велигденски јајца, три на број, се бојадисуваат пред изгрејсонце на Велики Четврток.

На Велика Среда, навечер, се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи.

По повод Велика Среда, во црквата Св. Богородица – Каменско во 7 часот ќе се одржи Архиерејска литургија – едноцрквие, додека попладнето во 17 часот во сите сите цркви во Охрид ќе се одржи Мало повечерие.

Јасминка Т. Момироска

Велика Среда