Во Велика Британија завладеала појава на недостаток од кондоми поради спорот на најпознатиот производител Дурекс и клучниот дистрибутер за Велика Британија. Веста предизвикала паника дека доколку компаниите не ги разрешат несогласувањата, би можел да се зголеми бројот на несакани бремености и полово пренесливи болести.
Експертот за полови болести, лекарот Малком Ванденбург, рекол дека недостатокот на кондоми би можел да ја доведе пораката за безбеден секс во опасност. Тој изјавил дека младите се повеќе ќе имаат секс без заштита, а доколу се навикнат на тоа кондомите нема да бидат од корист ниту кога ќе се реши проблемот со недостатокот. Портпаролот на Дурекс рекол дека компанијата интензивно работи на отстранување на проблемот.