Велика Британија следната година ќе го добие своето прво вештачко езеро за сурфање. Како што пренесува ББС, благодарение на револуционерната технологија, со притискање на копче ќе биде можно да се направат бранови високи и до три метри.

Огромното езеро, со големина на три Вембли стадиони, моментално се гради во Велшките планини, а планирано е да биде направено уште едно во Бристол, на југоистокот од Англија. Првите механички бранови на светот без сомнение ќе го трансформираат и омасоват сурфањето, со што овој спорт еден ден би можел да стане една од олимписките дисциплини.