Во Велика Британија денеска ќе биде пуштена во оптек првата пластична банкнота. Како што информира Централната банка на Англија, новите банкноти од 5 фунти ќе излезат во 440 милиони примероци.

Банкнотата, која официјално беше претставена на 2 јуни, ќе биде со ликот на британскиот лидер од Втората светска војна, Винстон Черчил. Централната банка уште во 2013 година најави дека Черчил ќе се печати на следниот апоен од 5 фунти, којшто пак, треба да биде од пластика.

Од банката потенцираат дека полимерските пари се потрајни, посигурни и потешки за фалсификување отколку книжните.

OhridNews