Велика Британија ќе го распореди својот најнов систем за ракетна одбрана со среден дострел во Полска, но ќе испрати и околу 100 војници, изјјави во Варшава британскиот министер за одбрана Бен Волас.
Системот „Sky Sabre“ ќе и помогне на Полска да го одбрани својот воздушен простор од руско оружје.
Како сојузник во НАТО и многу стар сојузник, Британија стои на страната на Полска бидејќи земјата носи голем дел од товарот на последиците од оваа војна, истакна Волас по состанокот со министерот за одбрана на Полска, Мариуш Блашчак.
Ние стоиме покрај Полска и ја штитиме нејзината воздушна база од каква било понатамошна агресија на Русија, додаде Волас.
Според новиот договор, Британија ќе и помогне на Полска да го развие истиот систем за противракетна одбрана.
OhridNews