Аргентинците на Велигден биле дочекани од слатко и големо изненадување, чоколадно јајце тешко 4 тони. Чоколадното велигденско јајце било изработувано од 27 пекари цели две седмици, а било изложено ја фестивалот на чоколадото во Барилоче. Јајцето било високо 8,5 метри и широко 5 метри, а за неговата изработка биле потрошени околу 4000 килограми чоколадо.
За полесна изработка пекарите оставиле дрвена конструкција која ја „поплочиле“ со чоколадо. Ова јајце го соборило рекордот кој досега го држело чоколадно јајце од Белгија кое било високо 8,32 метри. За жал, аргентинското чоколадно јајце не издржало и почнало да се топи, по што готвачите го поделиле меѓу посетителите.