Велигденски празници и продолжениот викенд ги исполнија сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера.
Поклопувањето на православниот и католичкиот Велигден придонесе многу нашинци на работа во странство да “скокнат” до дома.
Убавото време ги раздвижи шеталиштата, а во угостителските објекти се бара столче повеќе.
Традиционално Велигденските празници се најава за летната сезона која се очекува да биде успешна.
Г.М.