Во пресрет на православниот Велигден, од понеделник во храмовите на Дебарско -кичевската епархија во Охрид, ќе се служат свети архиерејски литургии.
Почнувајќи од понеделник па се до Велигден ќе има утрински и вечерни богослужби. Воскресенската богослужба ќе се одржи во Свети Климентовиот храм, Св. Пантелејмон на Плаошник во сабота во 23 часот. Со богослужбата ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско -кичевски г. Тимотеј.
Комплетниот распоред на богослужбите околу Велигденските празници можете да го видите тука.