Учениците на основното музичко училиште „Методи Патче“ вечерва со почеток во 19 часот во салата на училиштето, ќе одржат Велигденски концерт на кој ќе настапат триесеттина млади музички таленти. Концертот е своевиден подарок за охриѓани во пресрет на претстојните Велигденски празнувања, кои се очекува да ја исполнат концертната сала на училиштето.

На вечерашниов концерт, во пијано придружба на професор Ирена Веруш ќе настапат: Климент Христов (пијано), Благој Шикоски (пијано),Марија Лазареска (пијано), Даниел Танески (кларинет), Стефан Назифоски (пијано), Филип  Спасески (виолина), Поликсена Тунтева (пијано), Дамјан Дејаноски (виолина), Дамјан Милески (пијано), Андреа Јованоска (пијано), Драган Мургоски (виолина), Дејан Милески (гитара), Ива Томеска (пијано), Петар Милески (виолина), Емилија Стојаноска (пијано), Ирена Групче (флејта), Јован Танески (пијано), Маја Митреска (виолина), Христијан Томески (гитара), Ангела Трајческа (виолина), Кристијан Трајчески (флејта) и Димитар Коталески (гитара), Владимир Марковиќ (виолина), трио флејти: Тедора Бујароска, Елена Ѓорѓиоска и Тања Стојаноска како и триото Стефани Дудиѓ, Миланка Новеска и Петар Паскали.

Ohridnews