Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 17 април (Велики четврток) со почеток во 11:30 часот ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“.

На базарот ќе земат учество охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците кои продаваат велигденски украси. На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, на учениците од општинските основни и средни училишта, на младите од Младинскиот центар и волонтерите на ОО на Црвен Крст, Охрид, информираат од Општина Охрид.

Воедно посочуваат дека во духот на најголемиот Христијански празник Воскресение Христово –Велигден собраните финансиски средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

OhridNews