Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ денес го организира традиционалниот „Велигденски базар“. Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата предвидена е и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“, КУД „Отекс“, КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.

На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др. Велигденскиот базар и оваа година ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, информираат од Општина Охрид.

Додаваат дека ОО на Црвен крст Охрид ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани.

Велигденскиот базар ќе започне во 11.00 часот на плоштадот „Крушевска Република“.

OhridNews