По повод големиот христијански празник, Велигден порака за духовен мир и благосостојба до охриѓани упати митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во која се вели:
Почитувани сограѓани, драги православни христијани,
Ви го честитам големиот христијански празник или како што светата православна црква го нарекува празник над празниците,односно светото Христово воскресение.
Овој празник значи живот за секој верник и за секој еден кој е крстен во името на нашиот спасител Господ Исус Христос.Човекот е создаден според промислата на Светата Троица или вечниот Бог за да живее во постојано присуство и во славење на Бога.Но таа хармонија што Бог ја создал помеѓу човекот и вечниот совет на Бога е прекршена со раѓањето на нашите првородители Адам и Ева.И затоа настапиле смртта и гревот. Како што смртта влегла преку еден човек,така настапува и смртта и спасението доаѓа преку еден човек – спасител тоа е Господ Исус Христос. Тој еднаш умре за сите нас.Тој воскресна и ние што верувама и сме крстени во името на Отецот, синот и Светиот Дух и ние да имаме живот вечен. И ние сите ќе воскреснеме во судниот ден што не чека сите нас.Затоа треба да ја имаме силната непоколеблива вера во животот, вистината, правдата, во Христа во светата православна црква. Таа вера да ја почитуваме, љубиме, негуваме и да живееме според неа и со тој поздрав Ве поздравувам со најрадосната мисла-
Христос Воскресе – Навистина Воскресе !
Владика Дебарско-кичевски г. Тимотеј
ohridnews