Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, по повод големиот христијански празник Велигден што го празнуваат православните верници, до своите сограѓани се обрати со порака за граѓанска соработка, толеранција и меѓусебна почит и посакува суштината на ова празнување да биде всадена во секојдневието на нашето живеење и ангажирање а за добробит на сите сограѓани.
– На сограѓаните кои го празнуваат Велигден, им упатувам срдечни честитки со искрена желба да ги минат празничните денови во атмосфера исполнета со радост. семеен мир и духовно спокојство. Посакувам, во срцата и домовите на моите сограѓани да надвладеат чувствата на задоволство од постигнатото, а желбите за посреќен живот да се претворат во секојдневност која ќе ја исполнуваме со дела остварени со нашата упатеност едни кон други и вербата во себеси и локалната заедница. Само со таква блага мисла, љубов и верба, ќе можеме да дадеме смисла на Велигденската честитка: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! – се вели во честитката по повод најголемиот христијански празник, Велигден, на градоначалникот Петрески.